Најголемиот македонски шоумен, актер, музичар и уметник Игор Џамбазов им се приклучува со поддршка на нашите македонски музички ѕвезди Сузана Гавазова, Наум Петрески, Миле Кузмановски и Благоја Грујовски кои најавуваат музички предновогодишен спектакл каков што до сега немаме видено.
Најголемиот боем – помеѓу боемите, ќе биде домаќин и промотор на Македонската Кафеанска вечер. Со специјално сценарио, Џамбазов концертот на 25 декември со почеток во 20.00 часот ќе ја предводи големата боемска ноќ во СЦ Јане Сандански.
Традиционален македонски амбиент со високи и ниски маси, во кој ќе се служи пијалак, ќе се мези, а се во духот на македонската кафеанска традиција и враќањето на големите градски боеми…

На овој спектакл се шушка дека ќе има и гости кои ќе бидат вистинско изненадување. Целиот проект ќе трае повеќе од 4 часа, а на истиот ќе бидат изведени најпрепознатливите рефрени на македонската музика. За музиката во живо ќе се погрижи најдобриот македонски музички состав Дрим Тим!
Билетите се пуштени во продажба од среда 28.10 преку платформата www.wayin.mk, промотивно по цена од 650 денари.. Едно е јасно, Скопје пред Нова Година ќе гори од убава атмосфера и убави луѓе. Градски, боемски, по наше… Маестро Џамбазов заедно со најдобрите македонски музички имиња.






