Радио Милева разочарана од одлуката

„Ич не сакам да се поздравиме пријателе“: Сара Мејс ја преплавија емоции, се огласи на социјалните мрежи

„Ич не сакам да се поздравиме пријателе“: Сара Мејс ја преплавија емоции, се огласи на социјалните мрежи

Познатата  брачна двојка, Сара Мејс и Димитар Атанасовски  со наследниците Илина и Кирил уживаа во патувањата со луксузниот Danger во кој се возеа, а сега  на социјалните мрежи осамна една емотивна вест.

Имено популарната пејачка и харфистка овој пат реши пред своите следбениците да открие дека нејзиниот сопруг  Димитар одлучил дека е доста и време е да се поздрават со семејниот автомобил Форд Ренџер кој таа го обожава.

„Danger -оот, ич не сакам да се поздравиме пријателе, па како лабаво си ја пакував цела куќа за на одмор, сѐ собираше тој твој гарсоњера багажник, ќе ми недостигаш“ – напиша таа во описот на кратката приказна, а потоа додаде:

„ Ама Димитар се запнал, доста било. Кој и да те купи ќе се усреќи, ќе се кае сопственикот твој прв, ама касно ќе му биде“ – разочарана од одлуката, напиша таа.

Димитар Атанасовски и Сара Мејс се толку присутни на социјалните мрежи,  отворено и слободно покажуваат сѐ што им се случува на приватен и професионален план, а еднаш открија дека Илина нивната ќеркичка им се потпиша на еден нивни  автомобил.

„Фала ќерко за потписите, да даде Господ да пораснеш голема и да си купиш нов автомобил. Јас и мама први ќе ти се потпишеме и вака ќе се радуваме за тебе…“ – кажаа тогаш откако малата Илина ги изненади на непријатен начин нејзините родители.

Инаку, Сара Мејс  стана бренд амбасадор на автомобилскиот бренд Чери (CHERY) во Македонија од декември минатата година, а со гордост го  објави возбудливото соопштение за соработката како и  дека ќе го вози преубавиот Tiggo 7 PRO.

фото: printscreen/instgaram

To top