За едни контроверзна, за други чешита, постојано озборувана, понекогаш исмејувана, но во суштина таа е естраден феномен за кој постојано се зборува и пишува… Не само заради хотелското видео по кое своевремено го доби прекарот македонска Северина, енормната кафеанска популарност која ја достигна без да сними ниту една своја авторска песна, иако сега веќе има цели две, или заради енормнаиот бакшиш со кој ја китат после секој нејзин настап што и ја донесе титулата „кралица на бакишот“… Туку и заради умеењето самата да ја менџира својата кариера и на терен и преку социјалните мрежи, кариера од која живее и одлично заработува, колку и колегите или медиумите да не ја есапат дека спаѓа во „првата македонска фолк лига“.
Марија Луиса Тодоровска покрај сето споменато, а и она што не умее да го покаже, деновиве покажа ушта една своја карактерна особина. Доблесна, хумана, можеби и повеќе од тоа… Иако сите се’ уште ја чувствуваме длабоката болка, жал и мачнина за загубите на младите човечки животи во страшаната трагедија во Кочани, битолчанката со скопска адреса на живеење прва се огласи со потег, што е пример за почит.
Имено, иако деновите на жалост во Македонија поминаа, Марија Луиса Тодоровска реши да ја откажа целата своја агенда на настапи на неодредено време! И заради колективната траума и траор кои се’ уште сите ги чувствуваме и заради амбиентот кој веројатно уште долго нема да биде за пеење, веселба и забава и везаради самата себе си, зашто е личност која не може да ниту да поднесе, а уште помалку да си дозволи да пее и некого да радува кога душата тагува… И нејзината и колективната!
Оваа своја одлука Марија Луиса Тодоровска ја сподели и јавно на социјалните мрежи, поточно на својот Инстаграм каде пејачката напиша и обзнани:
Фото: Инстаграм/luisa.todorovska