Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ покрај сите титули што досега ги има освоено, вчера, недела 4-ти август 2024, за првпат стана и олимписки шампион освојувајќи го златниот медал.
Ѓоковиќ го оствари својот животен сон и го освои турнирот кој му беше голем товар во кариерата. Тенисерот во спектакуларното финале беше подобар од Карлос Алкарас и го совлада со 7:3 и 7:2 во два тајбрејка.
Секако во прв момент на површина испливаа емоциите, а Ноле уште еднаш покажа квалитет и доблест и имаше само убави зборови за ривалот.
По тој повод сите славеа и се радуваа, цела Србија, но и целиот Балкан, а реакции имаше и од познатите македонски личности, кои несебично ја делеа среќата и споделуваа на Инстаграм.
Во продолжение погледнете ги нивните објави кои ги споделија на кратките приказни со следбениците:
Калиопи Букле – пејачка
Камка Тоциновски – актерка
Елена Најдоски – водителка
Викторија Лоба – пејачка
Тамара Тодевска – пејачка
Миа Костова – инфлуенсерка, поранешната ТВ водителка
Македонските јавни личности му го честитаа златниот медал на Ноле, а преку објавите уште еднаш едногласно му порачаа дека дефинитивно е најдобар на сите времиња.
фото: print Screen/ Instagram