Славната Селена Гомез се појавила на Канскиот филмски фестивал и во таа прилика во преден план била нејзината фигура, односно зголемениот стомак.
Месеци претходно, забележавме промена на телото на Селена, а додека на социјалните мрежи се наметнало прашањето дали актерката е бремена или не, од нејзиниот маркетинг тим нема ниту глас.
Сепак, самата актерка пред неколку месеци на „TikTok“ покажала како изгледа нејзиниот стомак, односно навела дека нејзиното тело се менува поради лупусот со кој има проблем.
Selena Gomez goes live on TikTok to address comments about her body. She talks about her health, medication for lupus and how they affect her body. pic.twitter.com/JL3hIArShB
— Selena Gomez News (@OfficialSGnews) February 16, 2023
На Селена во 2014 година ѝ бил дијагностициран лупус, а имала и тешка трансплантација на бубрегот. Сега зема лекови за да ја стави болеста под контрола, а тие лекови го менуваат нејзиното тело.
„Лековите ми се исклучително важни и верувам дека ќе ми помогнат. Значи, сега немам тело на модел и никогаш нема да го имам“, зборувала актерката.
извор: Instagram printscreen/ selenagomez/ E! News You Tube