Радио Милева шизик на ризик

„И да погинеш колку можеш ќе се спасиш“ – Снеже Велков се пошегува на своја сметка (видео)

„И да погинеш колку можеш ќе се спасиш“ – Снеже Велков се пошегува на своја сметка  (видео)

Македонската ТВ водителка Снеже Велков реши да побегне од секојдневните обврски да паузира од снимањето емисии и да ги замени со плажата, сонцето и погледот кон морскиот хоризонт.

Водителката, секогаш досетлива и креативна, направи интересни видеа за својот Инстагарам профил, се огласи оттаму и го привлече вниманието на многумина.

Па така, особено впечатлива беше сцената на празната плажа.

Со свесност за важноста на одморот и релаксацијата и во викенд, Снеже смисли начин како да ја добие плажата само за себе без многу гужва. Таа одлучила да стане рано наутро бидејќи тоа и се виде како идеална можност за вистински да се предаде на одморот.

– Кој рано рани, плажата е само негова  – искрено и задоволно напиша таа во описот.

Снеже, сепак не е типичен плажар, таа неуморно ја следи својата посветеност на здравиот начин на живот дури и кога е на одмор.

Таа сега имаше прилика да ги демонстрира вежбите кои ги практикува дома, исто  качена  на душек но, овој пат во морето. Така, со нескриена енергија таа покажа дека активноста и уживањето можат да одат рака под рака.

За малку ќе паднеше, но тоа воопшто не ја сопре, напротив се пошегува на своја сметка. Па напиша:

– Понеделник: И да погинеш колку можеш ќе се спасиш.

Се разбира максималната среќа и вистинскиот одмор се постигнуваат кога сме активни и ги негуваме своите навики. А за Снеже  летото не е само за пасивно лежење, туку за баланс помеѓу движењето и мирот, помеѓу природата и личното уживање. Таа е вистински пример дека и релаксацијата може да биде инспиративна и полна со енергија.

 

Foto:printscreen/instgaram/velkovsneze

To top