Радио Милева одмазнички сеир

И Боки 13 гласаше, па со задоволство ги проследи и јавно ги искоментира и изборните резултати и пресот на СДС: „Прес ли беше, парастос ли беше“? (ФОТО)

И Боки 13 гласаше, па со задоволство ги проследи и јавно ги искоментира и изборните резултати и пресот на СДС:  „Прес ли беше, парастос ли беше“? (ФОТО)

Долгото и опсежно интервју на Бојан Јовановски, алиас Боки 13 кајво поткастот на Стефан Лазаров ги урна сите рекорди на гледаност. Како што изборните резултати од првиот круг на претседателските избори ги урнаа сите надежи на владеачката СДС, а ги надминаа очекувањата на опозицијата. Разликата помеѓу Гордана Силјановска Давкова и Стево Пендаровски е над 180 илјади гласови, во корист на професорката, резултат налик на дебакл.

Македонија гласаше како што гласаше,а својот избор со својот глас го направи и Боки 13. Заедно со неговата мајка тој го оствари своето граѓанско право во скопската гимназија Ѓорѓи Димитров, од која  во личната карта  му стои дека му е адресата на живеалиштето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bojan Jovanovski (@boki13official)

„После 5 години, денеска во нормални услови го остварив своето право на глас! Традицијата на гласање ја продолживме заедно со мајка ми“ – споделил Бојан Јовановски покрај фотографиите  направени по извршеното гласање.

По гласањето во автомобилот и правец – дома.

„Кафенце, програма, изборни резултати, уживање по дома“ – споделил Боки наздравувајќи со филџан кафе на клипот од своите Инстаграм приказни, снимен  во домашен амбиент, будно следејќи го одвивањето на изборниот процес и резултатите од гласањето.

Вечерта, по 20 часот кога почнаа да пристигнуваат првите резултати и стана јасно дека поразот во првиот крууг на Пендаровски е неминовен, а подоцна истиот се претвори во „потоп“, Боки 13 тргна да ги полни приказните на својот профил.

„За секта, секташки  резултат! Ај пријатно, бај бај бејби, бај!“ – брутално „ги поздрави“ оние за кои смета дека „го пренесоа жеден преку вода“ сместувајќи го таму, од каде што сега е на „голем одмор“ од здравствени причини“!

Откако стана јасно дека на СДС и нивниот претседателски кандидат му се случува изборен „Титаник“, а партискиот лидер  и се обрати на нацијата, Боки 13 не остана покус да не го искоментира и објави неговиот „кисел говор“ и „покиснати лица“ на целата свита околу него.

„Прес ли беше, парастос ли беше…?“ –  зајадливо се запраша Боки!

За конечно на своите Инстаграм приказни да го искоментира и бившиот министер за здравство и еден од оние кои се на кандидатската листа за пратеници на СДС на претстојните парламентарни избори, Венко Филипче.

„Венко го паметам како многу ведар и насмеан од времето кога доаѓаше кај мене по дома на бизнис зделки, зошто ли е вечерва волку тажен?“ – одмазнички иронично прашува Бојан Јовановски во споделените коментари и фортографии на своите Инстаграм приказни.

Можете само да си замислите какви ќе му бидат коментарите вечерта на 8-ми мај, по завршувањето на вториот круг претседателски и парламентарните избори, каков ли одмазнички сеир дури тогаш ќе тера откако ќе бидат познати резултатите?!

Фото: Инстаграм/boki13official

 

 

To top