Мегафон концерт

Хуманитарен концерт во чест на Тоше во „Дом на Млади“ во Штип и крводарителаска акција

Хуманитарен концерт во чест на Тоше во „Дом на Млади“ во Штип и крводарителаска акција

Да ја имавме само пет проценти од енергијата што ја поседуваше Тоша или само толку да бидеме како него, светот ќе беше многу посреќен, вели штипскиот музичар Зоран Илиев, најавувајќи го претстојниот концерт во чест на Тоша Проеска, кој ќе се одржи утре (06.06.) во Домот на млади во Штип. Најавена е богата целодневна програма во два дела, насловени „Биди хуман како Тоше“ и „Ноќ на емоции“.

Организаторот Горан Стаменков вели дека хуманитарната манифестација ќе започне во 10 часот, а до 16 часот ќе има крводарителска акција. Од 19 часот и 30 минути во Домот на млади за прв пат ќе биде прикажан едночасовниот документарен филм „Едниствен“, посветен на Тоше. Филмот ќе го промовира авторката, српската режисерка Катарина Миловановиќ.

„Програмата ќе продолжи со целовечерниот музички концерт „Ноќ на емоции“, на кој ќе настапат 17 пејачи: Адријана Јаневска, Димитар Костадиновски, Лара Ивановска, Коки Јанков, Бени Шаќири, Мартинијан Кириловски, Дарко Андонов, Александра Јанева, Мито. Стоилков, Марија Данева, Зоран Илиев, Симона Поповска, Маријано Коста, Александар Тарабунов, Ламбе Алабаковски, Јоце Панов и Илија Чошевски“, вели коорганизаторот Филип Стевановски.

Цената на билетот е 300 денари. Според организаторот, дел од приходите ќе бидат наменети за подобрување на улиците на Тоша Проески во Крушево, а дел за лекување во Турција на младата медицинска сестра Сибел Омерова од Штип, за што се потребни 70.000 евра. Во Домот на млади ќе бидат поставени и кутии за донации.

To top