Радио Милева

Харис Џиновиќ ги избричи мустаќите – Еве како изгледа пејачот без нив  (фото)

Харис Џиновиќ ги избричи мустаќите – Еве како изгледа пејачот без нив  (фото)

Харис Џиновиќ се најде во центарот на скандал кога се дозна дека се разведува од сопругата Мелина.

Мелина и Харис Џиновиќ решија да се разведат по 22 години заеднички живот.

Оттогаш, секој нивни чекор е следен. Парот повторно се најде во центарот на вниманието на јавноста пред два дена, кога Мелина „провали“ во вилата во Сењак, а потоа и пејачот и креаторката завршија во полициска станица.

Од разводот до упадот на Мелина, Харис Џиновиќ гостуваше во неколку емисии каде кажуваше секакви работи за својата поранешна сопруга, а на социјалните мрежи станаа популарни клиповите од неговите изјави.

Бидејќи се премногу во центарот на вниманието, луѓето почнаа да прават разни шеги, особено на сметка на пејачот. Сега некој се сетил и му ги „избричил“ мустаќите на Харис, поточно ги избришал во фотошоп, па сега имаме можност да видиме како тој би изгледал без неговите препознатливи мустаќи.

Коментарите под фотографијата само се редат, но сите се согласија во едно, а тоа е дека Харис никогаш не треба да ги тргне мустќите.

Фото: printskrin/instagram/biznis_brend_cg

To top