Промотер

„Happy End Band“ ви ја носи „Безобразно луда“, а вие дали сте спремни за оваа журка? (ВИДЕО)

„Happy End Band“ ви ја носи „Безобразно луда“, а вие дали сте спремни за оваа журка? (ВИДЕО)

Happy End Band повторно ја разбранува музичката сцена, а овојпат пристигнува со песна која уште со самиот наслов најавува дека следува нешто поразлично, разиграно и – „Безобразно луда“!

Нивното најново музичко издание  доби и официјален видеоспот на YouTube, со кој бендот ја заокружува приказната за песната и носи свежа енергија пред својата публика.

Од Happy End Band велат дека со „Безобразно луда“ отвораат едно малку поинакво музичко поглавје. Нова песна, нова приказна и звук кој можеби не сте го очекувале од нив, но дефинитивно е создаден за добра атмосфера, журки и расположение до максимум.

Зад музиката, како и миксот и мастерингот, стои Тодор Арнаудовски, додека текстот е дело на Happy End Band. За визуелната приказна задолжен е Дарко Јовановски – Даре Дете, а во видеоспотот се појавува и Бојана Нушкова, која дополнително му дава посебен печат на целото видео.

 

 

А кој стои зад музичкиот звук на Happy End Band?

Бендот го сочинуваат Игор Петковски – вокал, Тодор Петров – виолина, Никола Скрипцов – клавијатури, Илија Маревски – бас-гитара, Дамјан Јоров – тапани и перкусии и Владимир Николовски – гитара.

Со „Безобразно луда“, Happy End Band очигледно не сакаат само уште една песна во својата дискографија. Тие носат разиграна, весела и малку откачена приказна, создадена за моменти кога музиката е тука за едно – да го крене расположението и да ја претвори вечерта во добра журка.

Дали „Безобразно луда“ ќе стане новиот фаворит на публиката? Погледнете го официјалниот видеоспот во продолжение и проценете и самите…

 

 

To top