Радио Милева за најтешкиот непријател

Гоца Тржан никогаш поискрено за приватноста и најтешките моменти: „Среќа имам маж кој знае да се носи со тоа“

Гоца Тржан никогаш поискрено за приватноста и најтешките моменти: „Среќа имам маж кој знае да се носи со тоа“

Кариерата и љубовниот живот на Гоца Тржан секогаш го привлекувале вниманието на медиумите. Како пејачка која остави длабока трага на домашната музичка сцена, Гоца никогаш не дозволи насловите во весниците или негативните коментари да ја оттргнат од нејзиниот пат.

– Но, тоа не ме засега, мене повеќе ме погодуваат туѓата несреќа, болката, и некои морничави приказни со кои се полни весниците и порталите… Навистина не можам да ја читам и ме растажува, па затоа имам свој меур од сапуница во кој живеам, имам своја средина која ме радува и тоа е тоа – изјави Гоца еднаш за Гранд.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Goca Tržan (@gocatrzan)

Признала и дека Раша отсекогаш и бил голема поддршка кога ја погодувале погрдни наслови за нејзиниот живот.

– Секој месец има по еден таков наслов, знаеш што велат за ПМС, немаш другарки… Ние жените кога ќе влеземе во тие хормонални состојби тогаш нè фаќа паника, среќа имам маж кој знае да справи со тоа, па тогаш е во стилот „добро е да никнеш мустаќи, се ќе биде океј“. Кога сум во ПМС ми викаат мустаќите, не знам од која причина. Вели дека тогаш изгледам како мало човече со мустаќи, инаку немам мустаќи, но вели дека тогаш никнам долги мустаќи како вујко од Загор – рече таа низ насмевка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Goca Tržan (@gocatrzan)

Освен добриот глас, Гоца Тржан ја сакаша публиката и поради нејзината храброст секогаш да го кажува она што го мисли, без разлика на туѓите проценки, за кои неодамна проговори за Гранд.

– Не сакам да живеам во страв, не сакам страв, тоа е ужасно чувство! За мене стравот е страшен и тогаш луѓето ги прават најглупавите работи, што би рекле во страв се големи очи. Не сакам да се плашам и едноставно да го игнорирам стравот – изјави неодамна пејачката.

фото:Instagram printscreen/ gocatrzan

To top