Ќерката на Цеца Ражнатовиќ, Анастасија неодамна му го кажа судбоносното „да“ пред Бога на својот избраник, фудбалерот Немања Гудељ, а популарната двојка сега реши да организира гала прослава.
Според тамошните медиуми, Анастасија и Немања ќе приредат вистинска забава во Белград, по што прославата ќе продолжи во Севиља.
Анастасија се уште размислува за просторот, а она што со сигурност го знае е дека таму ќе бидат педесетина нејзини најдобри и најблиски пријатели и роднини.
View this post on Instagram
Прославата што се планира да се организира во Севиља е пред се за семејството на фудбалерот, но и за неговите блиски пријатели и соработници кои живеат таму.
Немања и Цеца ќе ги финансираат сите авионски билети и хотелско сместување за сите белграѓани, па затоа не е чудно што целата организација ќе биде на високо ниво, дознава Скандал.рс
View this post on Instagram
Медиумите неодамна пишуваа дека на свадбата на Анастасија ќе има специјално мени, сирења од Шпанија и Италија, шампањ кој ќе пристигне директно од Тоскана, а наследничката на пејачката ќе носи венчаница од познат дизајнер од Њујорк.
фото:Instagram printscreen/ raznatovicanastasija