Македонскиот пејач Ѓоко Јовиќ објави нова патриотска песна и видео во вид на кус филм со наслов „Кога се раѓа Македонец“ токму за празникот 11 Октомври, викендот кога Македонија го одбележуваше денот на народното востание против фашизмот.

Инспирирани од македонската традиција и борба на Македонецот за да се избори за својата територија и опстанок, во првиот дел од проектот јавноста ќе
види играна програма со сцени како од криминална серија снимена за Нетфликс, а во неа се појавуваат и припадници на специјалната единица „Тигар“.

Во вториот дел, песна со патриотскиот текст на Темелко Андреев испеан од златните грла на Ѓоко Јовиќ и Јована Богданоска ќе допре до срцето на секој
Македонец.

Во продолжение погледнете го новиот проект на Јовиќ.







