Освен што се браќа, Дарко и Драган Лазиќ се занимаваат со речиси ист бизнис. Дарко е, секако, попопуларен, но како што стојат работите сега, Драган лесно би можел да му ја „украде“ титулата најпознат жител на Брестач.
Драган, кој досега се држеше подалеку од медиумите, не само што одлучи да проговори, туку откри и толку многу работи од врската со постариот брат, што Дарко мораше итно да реагира.

– Тоа што му сум брат на Дарко не ме направи да се чувствувам подобро. Новинарите ми се јавуваат, немам мир во душата, затоа ги избегнувам медиумите – рече Драган неодамна, додавајќи дека не сака јавно да се експонира.
– Дарко е постар од мене, го советувам, но тој нема да го прифати мојот совет затоа што сум помлад. Кога бевме помлади, го тепав повеќе затоа што беше буцко. Деца како деца, тој период мора да помине – изјави Драган за ТВ Хајп.
Овие негови зборови набрзо станаа вирални, а Дарко покажа како ги доживеал со објава на својот Инстаграм профил.
-Кога бате ме фали – напиша Дарко со емотикони плачејќи од смеа.
фото:Instagram printscreen/darkolazicofficial







