Сопругата на најдобриот тенисер Новак Ѓоковиќ, Јелена Ѓоковиќ важи за дама со стил.
Таа со своите аутфити редовно е инспирација за другите жени, а особено ја обожаваат умереноста и природниот изглед кој го негува со години.
Јелена најчесто ја гледаме дотерана, а нејзината фотографија во костим за капење е вистинска реткост.
Таа во една прилика на својот Инстаграм објави прекрасен момент од плажа со што ги воодушеви нејзините следбеници.
Наследникот Стефан Ѓоковиќ ја фотографираше својата мајка видно среќна и насмеана на плажа со пунџи на главата, а Јелена го опиша овој момент:
– Стефи сега е во фаза кога сака да се слика, а не само ние да го сликаме. Тој отсекогаш бил ѕвезда, а сега сака да ја држи камерата. Кога ја фотографира мама, мама е најубава на светот! Додуша, можете да видите само некои делови од мене бидејќи кога слика, слика прст, рака, една нога, песок… и така натаму – напиша Ѓоковиќ и ги насмеа луѓето.
View this post on Instagram
фото: printscreen/instagram/jelenadjokovicndf