Радио Милева специјална честитка

„Генерална проба“ за мама, за денот што го чекаме цела година: Елена Миленковска славеше роденден, а најмилите и го честитаа со мафин, букет и кореографија (ВИДЕО)

„Генерална проба“ за мама, за денот што го чекаме цела година: Елена Миленковска славеше роденден, а најмилите и го честитаа со мафин, букет и кореографија (ВИДЕО)

Естрадно-пејачката македонско – српска брачна двојка Елена Миленковска и Гуте Маринковиќ се еклатантен пример како музиката ги спојува и народите и животите… И тоа за навека! Зашто нивната брачна идила така и никако поинаку не изгледа. И тоа од првиот ден!

Со тоа што деновиве дојде и тој ден што го чекаме цела година, со тоа што овој пат роденден и беше на Елена! Саканата мора да се почести со подарок, кој  до душа и не мора да биде за покажување. Ама затоа мама за роденден мора да се изненади со нешто што и неа и сите други ќе ги воодушеви! Особено кога изненадувањето ќе и го приредат нејзините најмили!

Во случајов нејзините дечиња, двете мали сонца Миона и Максим кои со неизмерна возбуда чекаа да и честитаат на мама Елена. Но честитката не беше туку така, само обична, туку со специјално подготвена кореографија и колаче за мама.

Арно ама, ниту една кореографија не се импроивизира, тоа тато Гуте добро го знае, па затоа откако најпрвин со него заедно и купија  букет цвеќе и роденденски балон, со познатата роденденска песничка: „Денес ние прекрасен ден“… тргнаа да ја вежбаат кореографијата за танцот со кој ќе ја изненадат мама Елена за нејзиниот роденден.

А роденден без слатки не бидува, па затоа откако го навежбаа „танцот на ѕвездите“ проследен со татковото пеење, Миона и максим тргнаа да го покажат и своето слаткарско умеење. А, тортата направена од кал, кит, пластелин или каков и да е веќе материјал, беше врвен модел за избор на онаа вистинската со свеќичка на неа, за роденденскиот бал!

И откако беше се’ комплетно подготвено,  дојде време за изненадувањето… Ѕвончето на домашната врата заѕвони, а штом Елена ја отвори, шоуто можеше да почне и мораше да продолжи…  Се разбира, со познатата песна и кореографија, роденденската „торта“ во вид на мафин со запалена свеќичка и најубавата роденденска честитка:

„Денес ни е прекрасен ден, на мама и е роденден, радосна и среќна постојано да биде, да се смее и пее и… уште сто години да ни живее“!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gute Marinkovic (@gute.marinkovic)

Фото: Инстаграм/elenamilenkovskaa

 
To top