Мегафон горди и среќни

Фудбалската школа ФК Форца – Шампиони на Македонија со две генерации!

Фудбалската школа ФК Форца – Шампиони на Македонија со две генерации!

Изминатиов викенд на терените на тренинг-центарот на ФФМ се одиграа натпреварите од финалниот турнир од ФФМ Детска лига за сезоната 2023/ 24.

Во учество на 96 екипи-регионални победници и повеќе од 1.500 фудбалери од 7 до 13 години, беа одиграни 96 натпревари по што се познати шампионите во шесте натпреварувачки категории.

ШАМПИОНИ ЗА СЕЗОНА 2023/24:

2011 – шампион ФК Македонија ЃП; вицешамиони ФК Парк

2012 – шампион ФК Милано; вицешамиони ФК Скупи

2013 – шампион ФК Шкупи; вицешамиони АП Брера

2014 – шампион ФК Форца; вицешамиони ФК Бутел 2017

2015 – шампиони ФК Фер Плеј; вицешамиони ФК Кул

2016 – шампиони ФК Форца; вицешамиони ФК Партизан

Фудбалската школа ФК Форца – станаа ШАМПИОНИ НА МАКЕДОНИЈА со две генерации. Генерацијата 2016-та во финалето со резултат од 4:0 ја совлада екипата на ФК Партизан, а генерацијата 2014-та во финалето ја победи екипата на ФК Бутел со резултат од 3:0.

Патем, треба да се истакне дека генерацијата 2014-та го игра своето трето финале по ред 2022/2023/2024, а од трите финалиња успееа да освојат две злата и едно сребро, и со тоа влегоа во аналите на детските лиги организирани од ФФМ како екипа, која последователно играла три финалиња.

Индивидуалните признанија од завршниот турнир ги понесоа:

Уште еден голем успех за нашиот клуб. Горди и среќни сме што успеавме да го освоиме златниот медал и првото место на државното првенство со генерациите 2016 и 2014-та во конкуренција од повече од 100 екипи на ниво на цела држава. Успеавме и со уште две генерации (2015 и 2012) да бидеме во најдобрите 8 екипи кои за жал по нерешените резултати испаднаа на пенали.

 

„Честитки до нашите дечиња за прикажаната игра нивната борбеност, упорност и дисциплина. Овој успех ни претставува мотив да продолжиме со нашата работа. За крај благодарност до сите кои дале придонес за овој успех“– ни изјави тренерот и сопственик на клубот Јорданчо Џипунов.

Фото: ФК Форца

 

To top