Радио Милева друга личност

Фризура која подмладува: Никол Кидман со нов имиџ кој ги брише годините (фото)

Фризура која подмладува: Никол Кидман со нов имиџ кој ги брише годините (фото)

Пролетта е навистина идеално време за промени, а тоа уште еднаш го потврди и познатата актерка Никол Кидман која на Инстаграм ја покажа својата нова фризура.

Покрај тоа што повторно се врати на светло сините нијанси, откако извесно време носеше нежна портокалова боја на коса, Никол сега ја скрати во тренди боб фризура.

На фотографиите објавени на Инстаграм, 56-годишната актерка позира во кожна јакна потпишана од брендот Баленсијага, чиј е  амбасадор.

Никол ги воодушеви сите со новата фризура која ги брише годините, а нејзиниот фризер Адир Абергел ја стилизираше разбушавена, со неколку прамени кои благо и го врамуваат лицето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nicole Kidman (@nicolekidman)

Новата фризура на Никол Кидман доаѓа по бранот на популарност на боб фризури што го зафати Холивуд, а Никол е уште една во низата познати актерки, кои решија да ја скратат косата и да ја носат секогаш шик боб фризурата и  оваа пролет.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adir Abergel (@hairbyadir)

фото: printskrin/instagram/hairbyadir

To top