Јасмина Нелковска е уште еден блескав пример за успешна и пред се убава и атрактивна Македонка во дијаспората. Оваа русокоса македонска убавица која живее и работи во Австралија, поточно во Сиднеј, иако не е во тинејџерски години со својата возбудлива убавина просто освојува и плени.

Дамите не се прашуваат за годините, но таа не ги крие, зашто покрај тоа што има 47 години, со својот изглед, енергија и самодоверба предизвикува огромно внимание на социјалните мрежи.

Деновиве, Јасмина ги израдува своите следбеници со нови фотографии од своите професионални фотосесии, на кои уште еднаш покажа дека годините не се услов за да ги разиграат хормоните. Со својата природнаубавина надополнета со впечатлива шминка, негуван стил и современ моден израз, оваа секси Македонка остава впечаток на дама која знае што сака, но и како да го претстави најдоброто од себе.

Долгите руси плетенчиња ја надополнуваат нејзината несекојдневна појава, а тетоважите поцелото тело и екстремитетите само го засилуваат впечатокот на секого кој штом ја погледне јасно му е одма дека Јасмина е „еротска тату бомба“!

Како создадена да инспирира со својот изглед до ниво на неподнослива возбуда, Јасмина не случајно активно соработува со повеќе австралиски модни и lifestyle брендови, кои преку нејзините објави добиваат автентична и професионална промоција. Нејзиниот профил станува сè повлијателен, а нејзиниот ангажман покажува дека македонската убавина и стил имаат свое место и на светската сцена.

Едноставно Јасмина Нелковска е доказ дека за ваквите убавици не постои возраст, ниту важат граници.

Таа со секоја своја фотосесија испраќа силна порака – дека жената како неа може да блеска во секое животно доба… И тоа до таа мера што „ќе ги наежи“ социјалните мрежи!
View this post on Instagram
Фото: Инстагрм/jasmina_nelk





