Радио Милева за кого одмор, за кого возбуда...

Фолкерката прати поздрави од море: Стојне Николова има свој рецепт за среќа и возбудлива поза со која ги усреќи нејзините обожаватели

Фолкерката прати поздрави од море: Стојне Николова има свој рецепт за среќа и возбудлива поза со која ги усреќи нејзините обожаватели

Картата на еротска провокација е онаа што редовно „ја играат“ естрадните дами, а ни македонската фолкерка Стојне Николова  не е ништо покуса, па и таа зрачи со сексапил, жари и пали каде и да се појави.

Летото се повеќе го зема својот замав, па атрактивната струмичанка реши да си даде малку оддишка од бројните настапи и медиумски ангажмани, па како и лани и годинава замина некаде на море да се сонча, плива и ужива во сите волшебства и убавини, во она сето што го носи долгото топло лето… покрај вода.

Плажата е неизбежно место за фаќање тен, опуштање и релаксација, а Стојнето на неа сподели неколку нови фотографии во различна бикини комбинација.

Витото тело и долгите нозе во прв план на карпестиот брег, во макијато бикини во кои спокојнот лежат складните облини на македонската фолкерка.

Штом сонцето се закани пејачката да прегрее, тука се сламените чадори под кои Стојнето се засолни… Во истата бикини кројка, како гламурозна девојка!

Другиот ден пак, истата истата позиција на истата локација, само Стојнето во нова комбинација. Спортско капче на главата, нескафе за утринско будење и понаков костим за капење.

Во клод црни бикини гаќички, црно-бело ишаран горен дел и со возбудлива поза на лежалката го отвори денот фолкерката. Со едната нога спуштена на песокот, другата нога горе, пејачката прати летен поздрав од море!

Сонце, песок и море – Стојне Николова има свој рецепт за среќа, поздрав до своите пријатели и возбудлива поза со која ги усреќи нејзините обожаватели!

Фото: Инстаграм/stojne_official

 

To top