Популарниот фолк пејач Миле Кузмановски на 24 декември ќе одржи концерт со повод. А поводот е прослва на неговиот јубилеј, поточно 35 години од кариерата. Концертот ќе се одржи во Македонста Опера и Балет (МОБ) во придружба на Камерниот оркестар.

„Времето летна, еве дојдовме до 35 години од мојата песна. На концертот ќе бидат опфатени дел од моите песни, бидејќи досега сум снимил над 130 и невозможно е сите да ги отпеам. Скако дека ќе ја пеам „Не кани ме“, „Крал без круна“, „Се што побарав од тебе Господе“ и многу други. Планирам да повикам и гости, но засега не ги откривам нивните имиња, нека бидат изненадување“, вели популарниот фолк „крал без круна“ Миле.







