Радио Милева неупатен „јанг бој“...

Финално одбројување со восклик од зад воланот: Дарко – Влогс му го потрефи победничкиот танц, ама му ја утна песната на Доналд Трамп (ВИДЕО)

Финално одбројување со восклик од зад воланот: Дарко – Влогс му го потрефи победничкиот танц, ама му ја утна песната на Доналд Трамп (ВИДЕО)

Дарко Јефремов, кого јавноста преку Инстаграм – заедницата која со годините ја изгради го познаваат како Дарко – Влогс и понатаму продолжува да ги споделува неговите авантури од патиштата, додека тој неуморно ја врши својата работа од зад воланот на камионџиската кабина  на „Фросе“, како што си го нарекол неговиот камион.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Darko Jefremov (@darkovlogs)

Профилот му е полн со од хумор, вирални видеа, наградни игри полни со подароци,  предупредувања, совети, лични искуства и мнопштво забава.

Моментално Инстаграм профилот му брои речиси 150 илјади следбеници, додека тој од  Вилмингтон, Северна Каролина и неговата сопруга, битолчанката Даниела, која нагалено си ја вика „Бебо“, го живеат својот американски сон, веројатно сакајќи еден ден да го преточат во макдонско јаве.

Можеби токму затоа, како и мноштвото Македонци во САД и Влогс-от својата наклоност и глас му ги довери на републиканецот Доналд Трамп, а со тоа даде мал придонес во најголемиот камбек во историјата на претседателската позиција.

Кога чукна часот за финалното одбројување, телесно трансформираниот Дарко Влогс, од зад воланот ја започна и својата модна трансформација во стилот: Со секоја бројка – нова гардероба. Од еден до десет,  промени десет различни гардероби, десет модни комбинации пред конечниот победнички восклик… “Аnd the winner is мr…  Доналд Трамп!

Па, по својот одбројувачки моден микс, споделил танцов микс на стариот-нов американски претседател, каде Доналд Трамп во различни изданија победнички танцува на една иста позната музика.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Darko Jefremov (@darkovlogs)

Арно ама, тука настанува „проблемот“, зашто Влогс-от на новиот американски претседател му го погодил танцот, ама не и музиката. До душа, синхронизацијата на видеото со аудиото кое оди во позадина е прилично уверлива, ама затоа песната – сосема е промашена! Зашто Трамп кој меѓудругото се залага за вртење кон традицијата и враќање на семејните вредности, кај оди со најпознатата песна „Y.M.C.A.“ на „геј иконите“, вокалната машка група „Village People“.  Неофицијалната „геј химна“ повеќе ќе прилегаше за некои други, кои плачат по човечките права и сексуалните слободи, ги поддржуваат и финансираат парадите на гордоста и уживаат во радоста што им ја носи истополовата блискост преточена во интима“…

А, Трамп некако баш не ќе да соодвествува со таа фела… Впрочем, погледнете ја првата дама и многу што ќе ви стане појасно, од кој ков е човекот. Така што Дарко Влогс во неизмерната радост за победата се’ направил добро, освен што му ја промашил песната.

Но, добро… Не е грев, зашто сигурно не е намерно. Конечно, нашиот камионџија и инстаграмџија можеби  бил само музички неупатен  „јанг бој“, ама затоа политички совршено информиран кој е кој во изборниот претседателски бој!

Фото: Јутјуб принскрин и Инстаграм/darkovlogs

 

 

 

To top