Македонскиот учесник во најгледаното регионално музичко натпреварување – „Ѕвездите на Гранд“, Филип Пецовски откри дека сопругата Марија Станковска е во блажена состојба.
Пејачот се ожени во фебруари 2025 та, а со избраничката се венчаа во најголема тајност.
Парот сега соопшти за големата радост и пред следбениците на социјалната мрежа Инстаграм.
На кратката приказна Филип сподели видео каде заедно со сопругата позираат на Козјак и покажаа снимка од ехо. Но, не бично планинско ехо, туку ехо кое многу посилно одекнува… Особено во кругот на неговата фамилија.
На главите носеа капчиња со натписи „мама и тато“, додека пак во описот на видеото напиша 1+1 = 3 .
Младиот пејач беше еден од финалистите на „Ѕвездите на Гранд“ во 2018 година, а вниманието на публиката го привлече со своите вокални способности, но и со интересните кореографии.
фото: printscreen/instgaram