Снаата на пејачката Драгана Мирковиќ, Мелани (25), роди девојче кое таа и нејзиниот сопруг Марко Бијелиќ го крстија Ксенија.
Мелани се породи во престижната клиника AKH во Виена, а како што претходно објавија локалните медиуми, породувањето во оваа клиника чини близу 10.000 евра.

Покрај врвната медицинска нега достапна 24 часа на ден, идната мајка имаше можност да користи бројни дополнителни услуги – од доаѓањето на фризер, маникир и педикир директно во болничката соба, до пристап до специјално уреден простор за медитација и релаксација.
Да ве потсетиме дека интимната венчавка на Марко Бијелиќ и Мелани Димитријевиќ, синот и снаата на пејачката Драгана Мирковиќ, се одржа неодамна.

Интимната, но гала церемонија се одржа во замокот каде што живее Драгана, а луксузната декорација им го одзеде здивот на сите.
Мелани, по потекло од Пожаревац, со години живее во Виена, каде што води успешно кафуле кое ги зближува луѓето од Балканот.

Нејзината вредност и посветеност на работата го освоија Марко Бијелиќ, па сега таа живее со неговото семејство во замок во Австрија. Патем, малку се знае дека Мелани е постара од Маркo за помалку од една година.
фото:Instagram printscreen



