Радио Милева ќе ве воодушеви

Еве кој и прави друштво на Тамара Тодевска на трибините: Без него таа не може, а не е саканиот Лука (фото) 

Еве кој и прави друштво на Тамара Тодевска на трибините: Без него таа не може, а не е саканиот Лука (фото) 

Репрезентациите на Македонија и Велс од трибините на Арената „Тодор Проески“ на  квалификацискиот дуел,  ги следеше и македонската пејачка Тамара Тодевска во пријатно семејно друштво.

Имено, пејачката со големо задоволство го следеше мечот на кој во 59 – тата минута присутните со громогласен аплауз и светилки од телефоните оддадоа почит кон 59 -те починати во трагедијата во Кочани.

По тој повод, пејачката на социјалата мрежа Инстаграм сподели и една фотографија со која им го привлече вниманието на следбениците.

Тамара позираше со нејзиниот татко Велко Тодевски, а од нејзиното лице јасно се чита колку таа љубов  и неговото присуство и значи.

Потоа објави  и една фотка од нејзиниот наследник, а сличноста со дедо му  е повеќе од очигледна.

Па, судејќи по фотографијата, Дарен е вистински наследник на дедо му.

Дека крвта не е вода, а гените се чудо, јасно е како ден.

За потсетување, работниот век дедо Велко го помина како професор по контрабас на Музичаката академија во Скопје.

фото: printskrin/instgaram/tamaratodevska

To top