Радиша Трајковиќ Ѓани ја напушти прославата посветена на нашите олимпијци видно разочаран од колегите бидејќи, како што тврди, поради нивното непочитување на договорот, не стигнал да отпее ниту една песна!
Ѓани споделил пост во мугрите, по завршувањето на прославата, раскажувајќи дека заминал понижен.
„Доаѓам во 22 часот и чекам да ги испочитувам нашите спортисти и моето семејство!!! Чекам да пеам… А големите ѕвезди од моите колеги како да држат концерт? А договорено е секој да испее само по неколку песни! чекав, чекав, па си заминав во пет часот и не испеав ниту една песна! Им се извинувам на моите браќа и пријатели, не е фер!!! Бев тука, ама понижен“ – напишал Ѓани.
Не изостави ниту еден од пејач(к)ите, па веројатно значи дека мислеше на сите присутни. Меѓу пејачите на прославата инаку пееја Милица Павловиќ, Милица Тодоровиќ, Тања Савиќ, Жељко Шашиќ, Никола Роквиќ и Ина Гардијан.
Фото: Курир.рс/Инстаграм/djanimusic