Ера Ојданиќ ја коментираше Александра Пријовиќ и откри дека нејзиниот успех делумно се должи на судбината.
Пејачот не го негира успехот на младата ѕвезда „Гранд“, но тврди дека придонело тоа што станала снаа на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ.
View this post on Instagram
– Златна основа е златна основа. Можеби би се борела со својот квалитет и со својот изглед, но тоа би било многу подоцна, да речеме за седум, осум или десет години – изјави Ера.
Ера го објасни своето мислење и додаде дека за успех е потребен труд, но и добра основа.
View this post on Instagram
– Кога градиш куќа, прво поставуваш добра основа, наоѓаш добар занаетчија и почнуваш да ја градиш куќата. Така имаше голема среќа што ја има Брена за свекрва, Боба за свекор, а за сопруг Филип. Така таа имаше вистинска златна основа и поддршка и само одлета кон ѕвездите – истакна тој за „Гранд“.
фото:Instagram printscreen/ eraojdanicofficial/ aleksandraprijovic