Актерката Емра Куртишова која ја освои публиката преку ноќ откако ја доби улогата на Исаура во „Преспав“ стана ТВ ѕвезда за која јавноста и медиумите почнаа се повеќе да се интересираат и често да ја третираат.
Емра овој пат го привлече вниманието на сите откако објави фотографии на социјалната мрежа Инстаграм додека ужива на песочната плажа во костим за капење.
Таа во кадар го уловила и нејзиниот сопруг и колега Петар Стојанов па гордо се пофали и со изгледот на неговото тело споделувајќи го и него на кратката приказна во летно издание.
Иако одморот со нејзиниот сакан бил испланиран до најмал детаљ за летување на море, бидејќи сега се родители на ќеркичката Лена, следбениците на шега ја прашуваа дали се во Преспа.
Па така Емра свесно мораше да додаде и таг „морски вибрации“, па на мапата ја откри и дестинацијата која ја одбрале за ова лето.
Истата фотографија ја сподели и Петар на неговиот профил на споменатата мрежа.
Да потсетиме, Емра и Петар станаа родители на малата Лена во октомври минатата година, откако парот долго време криеше од јавноста дека очекуваат нов член во семејството.
фото: printskrin/instagram/emra.kurtishova