Радио Милева бегалка

Емина Јаховиќ за прв пат се омажила уште како како тинејџерка: Имала 17 години и била во брак едвај шест месеци

Емина Јаховиќ за прв пат се омажила уште како како тинејџерка: Имала 17 години и била во брак едвај шест месеци

Пејачката Емина Јаховиќ отсекогаш  се обидувала да го сокрие од јавноста својот љубовен живот. Сепак, некои детали ја видоа светлината на денот. Толку многу се знае за нејзиниот брак со турскиот пејач Мустафа Сандал, додека ситуацијата е целосно обратна кога е во прашање нејзината прва венчавка со нејзиниот сограѓанин од Нови Пазар.

Многумина не знаат дека Емина била веќе мажена пред Сандал, иако тогаш била малолетна. Имено, Емина како тинејџерка била лудо вљубена во еден Аладин поради што побегнала од дома, но како и многу младешки љубови и оваа не издржала. Тие беа во брак само шест месеци, по што сфатила дека се работи за грешка. Сепак, пејачката никогаш не се срамела од оваа врска, напротив, еднаш отворено проговори за својот брак и откри како изгледала тогаш.

Пејачката повеќе од сликовито опишала каков бил денот кога кажала ‘да’. „Не бев ни возрасна. Убаво беше, имав убава венчаница и косата ми беше прекратка, педа и пол. Некои сериозни работи што ви се случуваат додека сте млади се убави. После тоа, кога ќе задоцните, тоа е малку посериозна ситуација“, изјави еднаш Емина.

Фото: Инстаграм/yaemina

To top