Радио Милева поддршка

Емина Јаховиќ како мајка не остана имуна на она што и се случува на Милица Тодоровиќ: „Жал ми е …“

Емина Јаховиќ како мајка не остана имуна на она што и се случува на Милица Тодоровиќ: „Жал ми е …“

Пејачката Милица Тодоровиќ неодамна роди момче кое го крсти Богдан. Сепак, добрата вест набрзо се претвори во еден од најголемите скандали и главна тема на јавноста, бидејќи сопругата на таткото на детето на пејачката излезе пред медиумите и откри шокантни тврдења за љубовен триаголник.

Јавноста со денови зборува за мажот кој сè уште е законски во брак, неговата сопруга со која наводно сè уште живее и има две деца, како и за моменталната позиција на Милица, што е многу неблагодарно.

Во оваа прилика, нејзината колешка Емина Јаховиќ отворено проговори за оваа тема:

– Милица моментално е, сè уште, во постпарталниот период и таа и бебето имаат потреба од сила и мир. Жал ми е што поминува низ оваа не толку пријатна ситуација – рече таа во емисијата „Ексклузив“ и додаде:

– Јас сум тука за неа како колешка и пријателка, кажа Емина.

фото:Instagram printscreen/ yaemina/ milicatodorovicofficial

To top