Познатата пејачка Емина Јаховиќ со години живее во Турција со своите синови Јаман и Јавуз.
Иако веќе некое време е отсутна од музичката сцена, Емина досега изгради успешна кариера и ужива во луксузен живот во Истанбул, споделувајќи повремено некои детали на социјалните мрежи.
Иако многумина веројатно мислат дека таа има готвач, собарка и персонал кои работат многу работи за неа, пејачката не го крие фактот дека најчесто тоа го прави сама и дека сака да готви за себе и за своите синови.
– Денес здрав и органски, свеж грашок со мелено месо. Здрав сладолед, веган, со бадемово млеко. Мајко, дали си горда? – напиша Емина, и ја тагираше својата мајка во објавата.
Малку подоцна, таа покажа дека сама подготвила пијалок од манго и ананас, а судејќи според објавите, била многу задоволна од она што го направила.
Да ве потсетиме дека Емина се разведе од турскиот пејач Мустафа Сандал по една деценија брак, со кого има два сина. Емина неодамна изјави дека нема време за љубов, и нагласува дека кога ќе најде партнер, нема да го крие тоа од јавноста.
– Моментално немам дечко бидејќи сум фокусирана на моите деца. Кога треба да се случи, ќе се случи, бев на мало повлекување, имав некои повреди, пишував за тоа, па ќе знаете сè кога треба да се случи – рече пејачката.
фото: print Screen/Instagram