Радио Милева трансформација

Емилија Розман во дневна доза првоаприлска метаморфоза: Преку ден лоша кучка и вештерка во мрежести чорапи, навечер најубавиот цвет во сопствениот букет!? (ФОТО)

Емилија Розман во дневна доза првоаприлска метаморфоза: Преку ден лоша кучка и вештерка во мрежести чорапи, навечер најубавиот цвет во сопствениот букет!? (ФОТО)

Први Април – познат како денот на шегата, за кого во македонската престолнина е врзана традицијата луѓето да се маскираат. Најмногу најмладите, ама и оние останатите, тинајџерите, младината… Па и некои повозрасни за кои оние останатите велат велат дека „пубертетот им касни“ кога ќе ги видат така маскирани! Првоаприлски маскенбал имаше и годинава. Можеби не така масовно како некогаш, ама и сега некои скопски кафулиња на своите гости им организираа можност за трансформација и избор на најдобра маска.

Македонската манекенка и модел, горда сопственичка на  универзитетска диплома, но и ланец цвеќарници и продавници за украсување и декорација – Емилија Розман е една од оние која трансформацијата не ја пропушта. Да се биде некој друг на една вечер или можеби она што навистина си, ама го криеш под маската на животот?! Кој како се маскира, така и се трансформира во друг лик или друга личност, сеедно… Важно е првоаприлски да се изгледа поразлично!

А 1-ви април не е врзан само за ноќен маскенбал, туку денот започнува уште рано наутро… Во нејзината цвеќарница и украс продавница маскенбалот стартува уште со првите петли… Штом вратата се отвори  и првите муштерии влезат, веднаш налетуваат на вештерката во штикли… со високо кренати нозе! Зашто кај г-ца Розмантична вештерките ги ставаат… во мрежести хулахопки!

После работните обврски следува дневната доза првоаприлска метаморфоза.

Вештерката со помош на магичната шминка и специјалниот костим за миг се претвора во лоша кучка… Или сепак повеќе и е по мерка да биде лоша вештерка?

Вечерта е сепак вистинското време за бајковита трансформација. Штом падне ноќта, „злите духови“ како со магично стапче некаде исчезнуваат од г-ца Розмантична, па маската се трансформира во нешто многу попријатно кому му се воодушевува целиот свет…

Во духот на нејзиниот бизнис, Емилија се претвора во најубавиот цвет од сопствениот букет!

Онака цветно декорирана, ваквата метаморфоза во Кала, Ирис, Крин или Роза и дава една поинаква убавина на мирисната убавица која ја краси секоја поза.

Така што ти доаѓа „Розмантичниот букет“ го грабнеш в раце и наместо на маскенбал што некој друг ќе ти го посочи, да го однесеш на журка без маски… „во четири очи“!

Фото: Инстаграм/kinokarpos.mk/rozmanticna

 

 

 

To top