Радио Милева сулуда или прагматична?

Емилија Розман по трет пат е бруцош: Животот е краток за студентски егзибиции или никогаш доста од знење? (ФОТО)

Емилија Розман по трет пат е бруцош: Животот е краток за студентски егзибиции или никогаш доста од знење? (ФОТО)

Македонската мисица, манекенка, модел и горда сопственичка на ланец цвеќарници и воедно продавници за подароци Емилија Розман го живее животот по свое… Слободна како птица, авантуристички, спротиставувајќи им се на сите предрасуди. Не дозволувајќи никој „да и суди“ за постапките, кои можеби за некого се нерационални, а за некого преамбициозни, ама таа не се осврнува на (о)зборувањата.

Око не и трепнува кога манекенката како молер качена на слкала си го бојадисува однадвор еден од дуќаните…

Уште помалку кога пиштол гола се слика за реклама на сопствениот бизнис…

Или за потребите на некој музички спот.

„Мува не ја лазеше“ ни кога по само 24 часа познанство се мажеше, за по две недели да се остави…

Не се срамеше да каже дека од невнимание или „пренемагање“ за малку глава ќе изгубеше во „Заливот на коските“… Едноставно Емилија е некоја чудна сорта која „е во свој филм“ живее во свој свет, со свои поимања и сфаќања на животот.

Така било отсекогаш, така е и сега, кога ја донела најновата одлука, повторно да студира. Оние неупатените ќе речат па што има лошо во тоа, но сите кои малку повеќе ја познаваат, го знаат она што и самата јавно го обзнани: Емилија е пак бруцош, ама по трет пат!

Имено, таа и досега важеше за „најучената манекенка“ зашто уште во 2017 година дипломираше на Институтот за дефектологија при Филозофскиот факултет во Скопје, стекнувајќи се со диплома на дипломиран дефектолог. Истата тогаш му ја посвети на нејзиниот починат татко Дамир.

Втората диплома никогаш јавно не ја обзнани, па така ако ја поседува,  што и да е, знаат само малкумина околу неа!

Но, за најновата одлука на Г-ца Розмантична некои ќе речат дека е сулуда, други прагматична. Зашто според едни дефиниции, животот е краток за студентски егзибиции, според друго сфаќање, никогаш доста од знење?

Како и да е, Емилија Розман е… „Бруцош – по трет пат! Молекуларна биологија со генетика на  Природно-математичкиот факултет (ПМФ) во Скопје. Со лесно нека е…!“ – споделила г-ца Розмантична сликана со индексот в рака. „И со брз помин“ – би додале ние!

Фото: Фејсбук и Инстаграм/rozmanticna

 

To top