Пејачката Елма Синановиќ отворено проговори за правната битка што ја води околу нејзиниот семеен бизнис.
Семејниот пријател на Елма го искористил нејзиното отсуство во тежок период, кога нејзиниот сопруг бил тешко болен и починал во 2019 година, и ѝ подметнал документ со кој наводно се откажува од бизнисот.

– Навистина сум измамена. Луѓето ми ги фалсификувале документите и ми ја украдоа компанијата. Сега треба да докажам на суд дека е моја. Ужасно е. Верувам во нашето судство и се надевам дека сè ќе оди во вистинската насока. Мојот куќен пријател, која доаѓаше кај мене на ручек… Бев во состојба на депресија поради болеста на мојот сопруг и потпишав нешто што подоцна се покажа како сосема друго. Класично бев измамена – изјави Елма Синановиќ за Блиц.

Инаку, нејзината ќерка Јулија, е во врска со богат човек од Катар, познат по тоа што чува лав како домашно милениче.
фото: printscreen/Instagram/elmasinanovic_official



