Поранешната водителка и трендсетерка Мелита Ракичевиќ на Инстаграм немаше намера да отвори прашалник за своите следбеници, но се сети самата да си држи монолог за она што сака да го каже јавно, а е поврзано со Нова година, празничниот дух и колку му се радува на истиот.
За Мелита минимализмот не се прифаќа во никој случај кога декорацијата во домот е во прашање, па секогаш е ненаситна во купувањето нови и нови украси и разни детали.
Мелита вели дека на празничната магија и се радува како дете, тој дух живее во неа, а секоја следна година практикува да има нова елка.
Ако лани нејзиниот дневен продтор го красеше бела елка, годинава е зелена, ама „невидлива“ под стотината лампиони и украси ставени на неа.
Елката тежи од декореција, богато и токму онакво како доликува на некој што е свесен за својата естетска ненаситност.
Откако се поправи дека елките не ги купува, туку ги добива на подарок од пријатели, Мели се дополни и дека највозбудливиот ден за неа не мора да биде дочекот, туку она што следи од зимувањето дополнето со скијање кое таа го обожава.
Светкаво, магично и убаво за душа на оној што си го средил, зашто за вкусови нели не се дискутира особено кога зборуваме за магија, новогодишна магија!
фото:instagram printscreen/melitameli