Радио Милева модна критичарка да бидам...

Елена „Живот со стил“ се осмели да го коментира изгледот и изборот на Јелена Карлеуаша: „Е ова е…“ (фото)

Елена „Живот со стил“ се осмели да го коментира изгледот и изборот на Јелена Карлеуаша: „Е ова е…“ (фото)

Поранешната ТВ водителка Елена Најдоски која остана препознатлива по името на својот телевизиски проект „Живот со сил“, веќе неколку години е посветена инфлуенсерка.

По се изгледа емисијата ја остави на подолго мирување за некои подобри времиња, но кога се модата и стилот во прашање, Елена никогаш не ги остава во „рамна линија“. Па така, на својот Инстаграм профил на своите следбенички редовно им сугерира стајлинзи и парчиња кои се во тренд од нејзините омилени брендови, а се почесто почна да ги избира и коментира познатите кога чекорат на црвен килим од некое важно светско случување.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elena Najdoski (@elena_zivotsostil)

Па така, сега актуелни се „Оскарите“, а со тоа и Елена се активираше со својата селекција или најдобриот изглед кој го видела на оваа престижна манифестасија.

Нејзиниот омилен изглед беше на британската актерка Кери Мулиган која го донесе холивудскиот гламур на црвениот килим.

Актуелности од светот на модата периодов имаше доста, а меѓу нив беше и Париската модна недела и претставувањето на српската пејачка Јелена Карлеуша на истата.

Сепак, Елена во време кога Карлеуша има моден акцент на себе, нашата инфлуенсека почувствува потреба да го коментира еден од нејзините изгледи објавени на Инстаграм.

Карлеуша таму носи кусо коктел фустанче како дневна варијанта ала Шанел, а истото е креација на Марија Марковиќ, дизајнерка со која често соработува.

Кога Елена го виде најновото издание на Јелена, и „светнаа очите“, а исто и проструи и желбата да ја искоментира српската дива.

„ Е ова е Вог“, ласкајќи и на пејачката и споредувајќи ја со изгледите кои редовно го красат светски модниот магазин Вог или познатата модна библија.

Една фотографија каде ја пофали и се чинеше неоволна, па во следната ја нарече „кралица“.

Ако ништо друго, јасно е дека Елена и тоа како е вљубеник во модата што отсекогаш покажувала, но овој пат со насока и тенденција за нешто повеќе од само инфлуенсерка кон модна критичарка во најава.

фото:Instagram printscreen/ elena_zivotsostil/ karleusastar

To top