Откако се омажи и престана со снимање на емисијата по која ја препознаваат, „Живот со стил“, ТВ водителката Елена Стефановска или по ново Најдоски, не застана со патувања на скапи дестинации и ексклузивни места.
На Елена очигледно и се може да живее со стил и кога камерите не се вклучени, а потврда за тоа е доволно да се прегледа нејзиниот Инстаграм кој е преплавен од она кое таа може да си дозволи и ужива.
View this post on Instagram
Скапи брендови, холели, ресторани… Елена живее хедонистички под полна пареа и за секоја потрошена пара. Сега, најново од нејзината туристичка агенда е Париз, каде е заедно со пријателка.
„Стори“ објавите се густо набиени една по друга од прошетки покрај Ајфеловата кула, по продавници на скапи брендови како Сен Лоран и Луј Витон од каде Елена се пофали дека купува од порано, па и сега.
Така модно поткована и опремена со последниот тренди шик- крик, Најдоски ја надополни својата скапа колекција од гардероба и аксесоари, а нешто подоцна од следната објава се насочи кој информација и за сите оние со подлабок џеб, па и останатите кои би сакале да знаат и да бидат просветлени од „градот на светлината“.
Имено, Елена го снимаше хотелот налик куфер на реномираниот бренд „Луј Витон“ кој ќе биде отворен за работа од 2026 година, а една ноќ ќе чини вртоглави 10 илјади евра.
Веруваме дека г-ѓа Најдоски веќе има поставен предизвик за 2026 година, но затоа потоа…
А кога си во Париз, мора да бидеш и стилизиран онака како што доликува да се биде на вечера и ноќен провод.
Иако парижанки знаат да бидат поумерени кога стилот е во прашање, Елена се одлучила да игра на карта на провокација во црно со ултра длабоко деколте од кое како и да гледаш предничат бујните силиконски гради.
View this post on Instagram
Париз убав и преку ден и преку ноќ, а особено импресивен за оние кои знаат, ама и можат да си го истераат меракот, колку што е длабок џебот – нели?
фото:Instagram printscreen/ elena_zivotsostil