Радио Милева поздрав од големото јаболко

Елена Стојановска му ја „дувна“ за Њујорк, а таму рамо до рамо со Пенелопе Круз, Бред Пит и … (фото)

Елена Стојановска му ја „дувна“ за Њујорк, а таму рамо до рамо со Пенелопе Круз, Бред Пит и … (фото)

ТВ водителката Елена Стојановска и нејзиниот сопруг Огнен се впуштија во нова патувачка авантура, му ја „дувнаа“ преку големата бара, правец САД.

А таму главна станица им беше Њујорк, или барем позиција од која пратија еден американски поздрав преку Инстаграм.

 

Елена и сопоругот често сакаат да ги полнат батериите преку патувања на далечни места, а овој пат изборот падна на „Големото јаболко“.

Меѓу повеќето фотграфии низ грагот, се најдоа и такви од посетата на музејот на восочни фигури “Мадам Тисо” кој е една од најпосетуваните локации во Њујорк, посетена од страна на милиони туристи од целиот свет.

Сите оние кои немале можност во живо да ги видат нивните омилени политичари, музичари, актери или спортисти, може да ги видат нивните восочни фигури направени во вистинска големина.

Елена го направи токму тоа сликајќи се рамо до рамо со Пенелопе Круз, актерот Бред Пит, ријалити ѕвездата Ким Кардашијан, па дури и претседателот на САД Доналд Трамп.

Се’ на се’ барем од она приложеното засега, за Елена и Огнен доживувањата допрва следат.

фото:Instagram printscreen/enna_inna

To top