Екс – ТВ водителката и актуелна инфлуенсерка Елена Стефановска не штеди кога е во прашање уживањето во било кое годишно време.
Таа живее „Живот со стил“ во секој поглед, па лесно го инспирира и мотивира женскиот пол преку нејзините објави на социјалните мрежи каде што е активна.
Елена Стефановска или мажена Најдоски е на луксузен одмор и ова лето, а дестинацијата која сега ја одбраа заедно со сопругот Бојан е Црна Гора.
Водителката дефинитивно ужива во опкружувањето додека траат топлите денови, а нејзината енергија за модна комбинација не запира ниту на момент.
Секако освен што го одбира внимателно секое парче што го носи на себе, ја бира и околината за се да изгледа совршено, со посебен шарм.
Така овој пат следбениците ги израдува со неколку нови фотографии на кои позира во различни изданија од местото каде што одмара, а во описот напиша: „Лето 2024 “.
View this post on Instagram
Елена дефинитивно знае да привлече внимание секогаш кога ќе покаже нешто ново па коментарите веднаш почнаа да се редат и ништо не остана незабележано.
фото: print Screen/ Instagram/elena_zivotsostil