Промотер

Елена Јовческа со стилизирана анплагд изведба и видео за познатата македонска патриотска песна – „Не плачи мајко, не жалај“ (ФОТО)

Елена Јовческа со стилизирана анплагд изведба и видео за познатата македонска патриотска песна – „Не плачи мајко, не жалај“ (ФОТО)

Македонската фолкерка Елена Јовческа по повод празникот, Денот на независноста на Македонија – 8-ми Септември , као честитка за истиот ја промовираше својата верзија на познатата македонска народна песна со патариотска содржина, „Не плачи мајко, не жалај“. 

Се работи за уште една стилизација, чија браворузна изведба на пејачката домиинира, зашто целата е изведена во анпалгд верзија, само со клавир  (Никола Кочан) и глас, што и дава посебна тежина на песната и во аранжманска смисла и во вокалната изведба.

Оваа верзија на песната е визуелизирана со едноставно видео, во кое пејачката се вози на кајче по преубавите извори на Охридското езеро, во бистрите води кај  манастирот Свети Наум. Истотот е изработено и продуцирано од охридско-австралиската ИН продукција.

Променета во свечен долг фустан со црвена боја, стајлингот на Јовческа им дава дополнителна нота на симболика на стиховите во песната, која е една од многуте  посветени на долговековната борба за слобода на Македонскиот народ против разните окупатори и стремежот за своја, сопствена држава, Македонија.

Како звучи оваа стилизирана анплагд верзија и како изгледа нејзината визуелизација, проследете од видеото во продолжение:

 

To top