Македонската фолкерка, пејачка, гајдаџика и горда сопственичка на студио за убавина Елена Јовческа, по бројните летни ангажмани и обврски, најде време и малку да одмори. Лани со помош на своите пријатели од една туристичака агенција, Елена замина во Турција, на прексрасното крајбрежје на Анталија, а годинава се јави под непозната дестинација…

Овој пат со фотографија која ја заскокотка јавноста. И тоа заради три нешта…

Како прво, да не знаете дека е во прашање токму македонската фолкерка, тешко дека некој би ја препознал и демистифицирал само по ликот на фотографијата. Големиот сламен шешир и ултрамодерните сончеви очила ја прават елегантна, модерна, на прва упадлива, ама и речиси непрепознатлива.
Како второ, стајлингот и на плажа и го диктира стилот, па и со бегството од горештините Елена го привлече вниманието на фановите… Дамите се фатија за модните детали на пејачката, а оние од посилниот пол за она што многу повеќе ја поттикнува возбудата! Кога веќе не можете да ја гледате Елена во небесно сините очи, погледот две педи подолу сам ви се кочи.

Имено, фолкерката е позната по својот телесен раскош, особено во пределот на градниот кош, па така бујната предница речиси излегла од градникот на црните бикини, во кој се сместени доминантните облини.
Како трето, познато е дека кога волку силно пече, сонцето најпрвин ги гори најиспакнатите делови на телото. Сламената шапка колку и да штити, останал еден дел кој од сонцето „се усвитил“. Како и не би, кога истиот толку многу доминира, што дури и под сенката на шеширот не го збира!

Ама, кој разбира, сфаќа дека нема таков шешир, што прави сенка да ги фаќа… Евентуално, мексикански сомбреро?!

Фото: Инстаграм/jovceskaelena







