Радио Милева по свој ќеф

Едноставно и модерно: Вака изгледа приватниоит рај на Анета Љумаковска (фото)

Едноставно и модерно: Вака изгледа приватниоит рај на Анета Љумаковска (фото)

Уредувњето во домот е одраз на карактерот на личноста, што е логично и сосема разбирливо. Оттука, ентериерот од домот на познатата македонска фолк пејачка Анета Љумаковска може да се опише како смирен, топол и со доза на префинетост во рамките на трендовите за уредување.

Домот на познатите секогаш е интересен за љубопитното око на јавноста, а Анета е една од најпознатите и најбараните фолк пејачки во нашата земја, а нејзината медиумска актуелност особено се активираше откако се разведе и се одвои од група „Молика“.

Иако само до месец август ќе биде дел од „Молика“ поради претходниот договор од закажаните настапи, Ането и како Љумаковска одлично си функционира на естрадата.

Анета за првпат на своите следбеници им обозможи да ѕирнат во нејзиниот приватен рај, односно во дневната и спалната соба.

Во централниот простор од нејзиниот дом преовладуваат пастелните тонови на беж нијанса, едноставен мебел и рустични детали кои придонесуваат за благ контраст на светлите тонови.

Средено тип- топ и секако најубаво по свој ќеф.

Анета кажа дека Битола не би ја менувала за ниедно друго место, а каде е нејзината битолска адреса откако се разведе, засега останува енигма.

фото:instagram printscreen/ anetaljumakovska2701

To top