Едно текстуално барање до софтверот за вештачка интелигенција на Google – Google Gemini AI Assistant – користи малку помалку енергија од девет секунди гледање телевизија, тврди компанијата во соопштението од четвртокот.
Google ја процени просечната употреба на 0,24 ват-часови по текстуално барање, додавајќи дека за ладење на центрите за податоци што ја напојуваат вештачката интелигенција користат околу пет капки вода, или 2,26 милилитри.
Со години постоеја загрижености за потрошувачката на енергија и вода на апликациите со вештачка интелигенција, а технолошката индустрија се обидуваше да ја увери јавноста истакнувајќи, на пример, дека центрите за податоци стануваат поефикасни.
OpenAI, креаторот на ChatGPT, понуди слична споредба во јуни, проценувајќи дека просечното барање преку вештачка интелигенција користи 0,34 ват-часови, приближно исто како рерна што работи една секунда.
Иако поединечните прашања (prompts) веројатно ќе бараат помалку енергија со текот на времето благодарение на подобрувањата во технологијата на чипови и сервери, самиот обем на употреба на вештачка интелигенција резултираше со остро зголемување на побарувачката на енергија во центрите за податоци.
Понатаму, бројките што ги даваат Google и OpenAI не ги земаат предвид огромните количества енергија потрошени за време на почетната обука на моделите со вештачка интелигенција на големи збирки податоци.
извор:нетпрес
фото:Freepik







