Мегафон

Една деценија трап забави во Македонија

Една деценија трап забави во Македонија

На 23-ти март, сабота, во Лабораториум (Скопје) се случува настанот TDFU Presents: 10 Years For The Culture. Настанот е организиран од пионерите на трап сцената во Македонија – Trap Da Fuck Up (TDFU) и е посветен на сите љубители на оваа музика, кои во последните десет години беа дел од растот и развојот на оваа култура.

„Ги покануваме фановите на модерниот хип-хоп звук да ни се придружат на забавата и заедно да прославиме една деценија трап настани во Македонија. Подгответе се за 10 часовен настан за 10 години постоење на TDFU, исполнет со настапи од македонски DJ-и. “TDFU Presents: 10 Years For The Culture” не е само прослава на музиката, туку и платформа за споделување на креативноста и зајакнувањето на заедницата која го поддржа овој жанр низ годините“, велат организаторите.

Влезот на настанот е бесплатен, но секој присутен се охрабрува да остави донација од симболични 10 денари за поддршка на 10-те години работа на овој колектив. Почетокот е закажан за 15 часот, а настанот трае до 01 часот.

To top