„Netflix“ ги израдува гледачите со официјалниот трејлер за акционата комедија „Beverly Hills Cop: Axel F“, четвртиот филм од легендарниот серијал „Beverly Hills Cop“.
Еди Марфи ја повтори својата улога како полицаецот Аксел Фоли, кој овој пат ги здружува силите со детективот Боби Абот (Џозеф Гордон-Левит) за да ја спаси својата ќерка Џејн (Тејлор Пејџ), бидејќи нејзиниот живот е во опасност.
Споредните улоги ги толкуваат Џаџ Рајнхолд, Џон Ештон, Пол Рајзер, Бронсон Пинчот и Кевин Бејкон. Режисер на филмот е Марк Молој, а сценариото го напишаа Вил Бил, Том Гормикан и Кевин Етен.
Првите два филма за полицаецот од Беверли Хилс беа објавени во 1984 и 1987 година и беа критички и финансиски успешни. Третиот филм излезе во 1994 година, доживеа мал финансиски успех, но беше критички неуспех. Дури и Марфи се согласи дека тоа е најлошиот филм во серијалот.
Гледачите на социјалните мрежи пишуваат дека трејлерот изгледа ветувачки бидејќи ги потсетува на претходните делови. Трејлерот досега собра повеќе од 4 милиони прегледи.
„Во споредба со трејлерот за „Bad Boys 4“, ова изгледа многу подобро“, „Изненаден сум колку добро изгледаат акционите секвенци“, „Трејлерот ме потсетува на првиот филм. Одлични шеги, оригинална актерска екипа и добра кореографија во акционите секвенци. Заинтересиран сум“, „Ова изгледа забавно и во ист дух како и оригиналите“, гласат дел од коментарите.
„Beverly Hills Cop: Axel F“ доаѓа на „Netflix“ на 3-ти јули.
фото:You Tube printscreen/ Netflix