Радио Милева убавини на душа

Две бонбончињa: Близначињата на водителот Марко Новески пркнаа, а тато ги однесе на првото зимување (фото)

Две бонбончињa: Близначињата на водителот Марко Новески пркнаа, а тато ги однесе на првото зимување (фото)

Секогаш весел, позитивен, насмеан, за водителот Марко Новески како да нема време за муртење и негативна енергија. Тоа особено е изразено откако лани во месец април стана татко, и тоа на две деца одеднаш, момче и девојче кои ги носат имињата Вања и Веда.

Со ваква дупла среќа и најголемо богатство на свет, простор за било што друго нема, затоа што сега тие се  зенитот на тато Марче и мама Цена.

Ако летото ги однесе на прв одмор на езеро, сега дојде време и за прво зимување, повторно на македонски терен се разбира, а изборот за чист воздух на планина, падна на Крушево.

Оттаму тато прати поздрав од хотелското сместување, а Веда и Вања имавме прилика да ги видиме разиграни со тато, весели и насмеани, токму со онаа енергија која им се пружа и со која веќе пркнаа и не се толку мали бебенца. Во април ќе полнат една годинка, им пораснаа и првите запчиња, па дури знаат низ игра да го скубнат тато.

А тој, лета во облаци, поубаво не му било, затоа во една прилика кажа дека не треба да се чека како него за подоцна од живитот да се стане родител. Ваквата убавина, љубов, радост се благослов од Бога која нема цена.

Да сте здрави и живи!

фото: Instagram/ Facebook printscreen/ Marko Noveski

To top