Јелена Карлеуша на својот нов Инстаграм профил откри дека со години се грижи за своите ќерки Атина и Ника, кои ги има во бракот со поранешниот фудбалер Душко Тошиќ.
Душко Тошиќ ја навреди својата поранешна сопруга и мајка на неговите деца, а сега Јелена Карлеуша за прв пат проговори и испрати порака до јавноста.
Јелена Карлеуша му изрази благодарност на претседателот на Србија за воведувањето на законот за алиментација и откри дека со години сама се грижи за своите ќерки Атина и Ника.
– Благодарна сум на српската влада и на српскиот претседател за законот за алиментација. Како жена која 16 години сама одгледуваше и издржуваше две деца само со повремена „добротворност“ од нивниот татко од странство, а сега како самохрана мајка каде што другиот родител избегнува да ја плати досудената алиментација, овој закон е голема победа за сите мајки! Државата обезбеди фонд за алиментација од кој ќе плаќа алиментација за децата, а потоа ќе ја преземе наплатата од несовесните родители кои избегнуваат одговорност кон сопствените деца – напиша Јелена Карлеуша.
Јелена Карлеуша проговори и за неверството на нејзиниот поранешен сопруг Душко Тошиќ, откривајќи ја темната страна од неговото минато.
фото: printscreen/instagram/karleusastarnew