„Дупер“ деновиве ја објавија својата најнова песна „Некажано“ која има потенцијален да стане еден од лесните хитчиња за ова лето. Станува збор за едноставна песна, со заразен рефрен која уште на првото слушање влегува во увао, а по неколку вртења и под кожа.

Музиката, текстот и аранжманот се дело на Борис Какуринов и Илчо Нечовски, тандемот кој и овојпат испорачува звук што е истовремено модерен и близок, па дури и интимен, со мелодии што носат ведрина и текст што бргу се памти уште на прво слушање. Mиксот и мастерот ги направил Дејан Момировски, во неговото XL Studio.

Видеото, е споделено на YouTube, а него го режираше Трифун Ситниковски. Истото содржи интересна визуелна игра која совршено го доловува духот на песната.

Неочекувано, динамично и креативно, „спотот од два кадри“ додава нова димензија на песната без да ви го одземе вниманието. Напротив, аудиото го збогатува со визуелна возбуда која придонесува за целосното искуство на новото музичко парче на бендот.

„Дупер“ музички остануваат верни на својата аудио естетика, но и дискретно и храбро експериментираат со звукот и формата. Со овој сингл, уште еднаш потсетуваат дека се бенд што не брка трендови, туку создава нови.

Како звучи и изглед кога „Дупер“ имаат да ви кажат нешто досега – „Некажано“, проследете од видеото подолу…







