Пејачката Крстинја Тодоровиќ доживеа голема трансформација. Таа за првпат се појави со 160 килограми, а по долгогодишна борба успеа да ослабе дури 100 килограми. Имаше периоди кога вешто избегнуваше да се појавува во костим за капење, но тоа се промени, па сега под таквите фотографии на Инстаграм добива низа позитивни коментари.
На својот пат се соочи со многу критики и воопшто не ѝ беше лесно, поради што реши да си го промени животот. Најпрво се одлучи за операција за намалување на желудникот, а потоа и за зафат за затегнување и отстранување на вишокот кожа, за на крајот да успее да ја оствари својата цел. Така пејачката ослабе 100 килограми.

Таа еднаш отворено зборуваше за тоа пред медиумите.
– Откако ја изгледав емисијата во првиот круг, ме очекуваше сериозен разговор со Марија. Ми рече дека некои работи мора да се решат за да успеам и тогаш се одлучив за интервенцијата. Шоу-бизнисот е таков што ќе се појави некој што изгледа поубаво од мене, а не пее подобро, и ќе помине понатаму, а јас ќе испаднам.
Кога ќе дојдете во фаза во која ви е потребна стручна медицинска помош, знаете дека станува збор за болест. На почетокот ми беше многу тешко, но по неколку дена, а сега веќе и месеци, сето тоа се заборави. Борбата со самата себе беше најтешка и со гордост можам да кажам дека сега сето тоа е зад мене. Кога би можела да го вратам времето, повторно би го направила истото – раскажа Крстинја, пренесе претходно „Блиц“.

Покрај големата трансформација, Крстинја неодамна донесе и една важна животна одлука. Имено, по четири години брак, се разведе од сопругот и се врати во Подгорица, во семејниот дом. Таа немаше проблем јавно да зборува за крајот на љубовната врска пред домашните медиуми.
– Немам проблем искрено да зборувам за сè и нема да избегнувам да кажам што било. Никогаш нема да кажам дека мојот сопруг е лош човек или дека станувало збор за трета личност. Едноставно, не одеше, не ни беше судено и тоа е единствената причина. Не си згрешивме еден на друг и тоа е единствената вистина – раскажа таа своевремено.
foto: Printscreen/Youtube/Zvezde Granda/ Instagram/krstinja_officia







