Нивата сезона на популарното регионално музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ неодамна стартуваше со Македонка, кавадарчанката Мирјана Митрева која и не помина така сјајно, а истото се случи и со уште неколку македонски кандидати. Ова е апсолутен преседан од претходно, бидејќи како публиката, така и жирито навикна да слуша маестрални изведби од Македонија.
Едно такво фијаско на сцена доживеа Божица Китановска (28) од Скопје која за прва песна ја избра „Ако згрешам нека изгорам“, додека за втора беше на групата „Магазин“ „Минус и плус“.
Дури и по завршувањето на настапот, Божица беше видно исплашена и вознемирена, рацете и се тресеа, а устата и едвај одговараше на прашањата.
– Можеш ли да зборуваш? Донеси и вода – праша Војо.
Жирито не сакаше да биде премногу грубо кон девојката, па дури и Босанецот се обиде да си ги одбере зборовите при коментирањето откако преку тастерите се изјаснија со четири паник тастери, а освен Кеба и даде позитивен коментар и на некој начин утеха.
– Многу неизвесни тонови во фразите, ги скратувате за да не се извлечете од неволја итн. Неуверлива и неискусна, сега не би коментирал многу – рече Босанец, а Марија се согласи со него.
Познат како некој што го обожава македонскиот народ, Ѓорѓе Давид со тешко срце стисна паника на оваа натпреварувачка, а потоа објасни дека ја слушал на аудицијата, што било сосема спротивно од овој настап.
– Сонце мое, ти беше многу добара на аудицијата, како да беше вклучена друга личност, шокиран сум што толку те обзема трема што звучиш вака. Имаш добра песна за „возење“ низ баражот, мора да се собереш, те молам – рече Давид.
Очекувано, како и во текот на целата емисија, Кеба повторно кажа „да“, игнорирајќи го фактот дека колегите овој пат повторно ќе го критикуваат.
-Божице, многу лошо би се чувствувал ако не ти дадам „да“. Кога те видов се сетив на себе кога имав 16 години, толку силно се тресев, панталоните ми паѓаа. Не беше натпревар од ваков формат, – ја започна својата приказна Кеба, кога Божица прсна да плаче.
Следеа минути на утеха на водителката Ана Севиќ, а на Кеба уште повеќе ќе му беше жал кога ја виде во солзи.
– Овие солзи нека ви бидат витамин во баражот. Имаш талент, но никогаш не сум видел толку страв кај некого. Најдете некој во Скопје да ви биде ментор – ја советуваше Кеба.
Сепак, Божица не успеа ниту во бараж, па на сите како неа им пеше посечено да ги послужи повеќе среќа и успех некој следен пат.
Инаку, Божица Китановска не е непозната за макеоднската јавност. Таа се претставуава под уметничкото име Бони. настапуваше на „Макфест“ минатата година, а во месец мај го издаде својот сингл „Срце ледено“.
Видеото од настапот во „Ѕвездите на Гранд“ можете да го погледнете на: 3:22
фото:You Tube printscreen/ Zvezde Granda